Техничари за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања
Работна средина
Техничарите за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања најчесто работат со хемиски инженери и инженери од биотехничките науки. Нивна работна средина се производствените капацитети во разни индустриски гранки како на пример: фармациска, хемиска, прехранбена и други индустрии.
Еден дел од техничарите за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања се вклучени во самиот производствен процес, додека други може да работат од канцеларија во делот на изработка на проектна и конструкциска документација.