ТЕХНИЧАРИ И АСИСТЕНТИ ЗА ФИЗИОТЕРАПИЈА
Работна средина
Еден дел од техничарите и асистентите за физиотерапија работат во болници (државни или приватни), сместувачки капацитети за постари лица, терапевтски центри или пак ги посетуваат пациентите во домашни услови.
Во зависност од локацијата, техничарите за физиотерапија може да работат во затемнети простории со пријатна музика каде на клиентите им се нуди релаксација. Спротивно на ова, во случај кога на пациентите им е потребна масажа за закрепнување, работна средина се добро осветлени простории каде може да има и повеќе лица.