ТЕХНИЧАРИ И АСИСТЕНТИ ЗА ФИЗИОТЕРАПИЈА
Активности
Техничарите и асистентите за физиотерапија лекуваат мускулни и коскени заболувања или делови на циркулаторниот или на нервниот систем со рачни методи и со ултразвучни, загреани, ласерски или слични техники, или применуваат физиотерапија и сродни терапии како дел од лекувањето на лицата со ментална или телесна попреченост. Техничарите и асистентите за физиотерапија се здравствени работници кои применуваат кинезиотераписки и физикални постапки во превентивни цели кај здраво население, како и кај трауматизирани, ортопедски ревматолишки, невролошки, интернистички хронични пациенти во тераписки цели и рехабилитациони постапки, во примарна, секундарна и трециерна здравствена заштита. Тие применуваат тераписки постапки пропишани од страна на лекар специјалист, дипломиран физиотерапевт.
Задачите вклучуваат:
- спроведување постапки на физикална терапија (хидротерапија, криотерапија, парафинотерапија, масажи, електротерапија);
- спроведување на кинезитераписки постапки во професионалната рехабилитација;
- рачно масирање и акупресурна масажа во рехабилитацискиот процес;
- примена на балнеотерапија;
- вршење на сродни задачи;
- надзор на други соработници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
3255.01 Хидротерапевт
3255.02 Масер – медицински
3255.03 Физиотерапевтски техничар
3255.04 Електротерапевт
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)