Стоматолози

Стоматолози

Просечна месечна нето заработувачка

Просечната месечна нето заработувачка за споредната група други стручњаци за здравство  каде спаѓаат и стоматолозите, изнесувала 32.459 денари во  2018 година. Според статистиката на Агенцијата за вработување, во 2022 година, околу  94 проценти од огласите за стоматолозите се однесувале за вработувања со полно работно време.

(Извор: Државен завод за статистика, Анкета за структура на заработувачката, 2018 г.)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Стоматолозите спроведуваат истражувања, креираат или подобруваат концепти, теории и оперативни методи за работа и применуваат медицински знаења од областа на стоматологијата. Се занимаваат со спречување на болести и аномалии на вилиците, забите, непцата и устата и користат широк спектар на дијагностички и хируршки техники од модерната стоматологија за зачувување на оралното здравје. Тие се занимаваат и со научно – истражувачка дејност.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

32.459 МКД

Слободни работни местa

28