Стоматолози

Стоматолози

Изгледи за вработување

Изгледите за работа за стоматолозите се очекува да бидат релативно добри, особено за стоматолозите кои се подготвени да работат во рурални подрачја. Со зголемувањето на свесноста на лугето за оралната хигиена и гружата за здрави заби отколку претходните генерации, потребата за одржување и лекување на забите ќе доведе до континуирано зголемување на потребата за забна нега, а со тоа и отварање на нови работни места. 

Слични занимања (од ISCO-08)

  • Стоматолошки асистенти и терапевти – 3251

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.av.gov.mk

Образование

Потребно е завршено високо образование.  Листа на државни и приватни универзитети кои имаат акредитирани  студиски програми во оваа област, може да се најдат на следниов линк: http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii.

Задолженија на работното место

Стоматолозите спроведуваат истражувања, креираат или подобруваат концепти, теории и оперативни методи за работа и применуваат медицински знаења од областа на стоматологијата. Се занимаваат со спречување на болести и аномалии на вилиците, забите, непцата и устата и користат широк спектар на дијагностички и хируршки техники од модерната стоматологија за зачувување на оралното здравје. Тие се занимаваат и со научно – истражувачка дејност.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

32.459 МКД

Слободни работни местa

44 АВРСМ