Стоматолози

Стоматолози

Активности

Стоматолозите спроведуваат истражувања, креираат или подобруваат концепти, теории иоперативни методи за работа и применуваат медицински знаења од областа на стоматологијата. Се занимаваат со спречување на болести и аномалии на вилиците, забите, непцата и устата и користат широк спектар на дијагностички и хируршки техники од модерната стоматологија за зачувување на оралното здравје. Тие се занимаваат и со научно – истражувачка дејност.

Задачите вклучуваат:

  • давање на комплетна превентивна и куративна заштита на уста и заби;
  • откривање и отстранување на причините на заболувањата, односно спречување на болести и повреди на устата и забите и нивните последици;
  • давање на анестетици за намалување на болката при стоматолошките интервенции;
  • препишување на лекарства за стоматолошка терапија;
  • конзервативно и хируршко лекување и рехабилитација на болести и повреди на устата и забите;
  • земање на мерки и отисоци од забите на пациентите и изработка на вештачки заби и вилици;
  • изработка и монтажа на протези за корекција на забите;
  • учество во јавните акции за следење и подобрување на стандардите за орално здравје и стоматолошка заштита;
  • учество во информирањето од областа на денталната хигиена и стоматолошката заштита;
  • одржување на консултации со други стручњаци од областа на стоматологијата;
  • изработка на научни трудови и пишување на извештаи;
  • вршење на сродни работи;
  • надзор на останатите соработници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

2261.01 Доктор за детска и превентивна стоматологија

2261.02 Доктор стоматолог ортодонт

2261.03 Доктор по стоматологија пародонтолог

2261.04 Доктор по стоматологија протетичар

2261.05 Доктор по стоматологија орален хирург

2261.06 Доктор по стоматологија орален патолог

2261.07 Доктор по стоматологија дентален патолог и ендодонт

2261.08 Доктор по стоматологија дентален и орален патолог и пародентолог

2261.09 Доктор по стоматологија

2261.10 Доктор по стоматологија стажист

2261.11 Доктор по стоматологија специјалист

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Стоматолозите спроведуваат истражувања, креираат или подобруваат концепти, теории и оперативни методи за работа и применуваат медицински знаења од областа на стоматологијата. Се занимаваат со спречување на болести и аномалии на вилиците, забите, непцата и устата и користат широк спектар на дијагностички и хируршки техники од модерната стоматологија за зачувување на оралното здравје. Тие се занимаваат и со научно – истражувачка дејност.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

32.459 МКД

Слободни работни местa

28