Стоматолози
Како да станете стоматолог
Потребно е завршено високо образование. Листа на државни и приватни универзитети кои имаат акредитирани студиски програми во оваа област, може да се најдат на следниов линк: http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii.
Лиценци и обука
Стоматолозите во Македонија потребно е да имаат положено стручен испит за добивање на лиценца за работа. Организирањето на стручниот испит, спроведувањето на пробна работа, полагањето на стручниот испит, издавањето, продолжувањето, обновување и одземање на лиценци за работа го врши Стоматолошката комора на Македонија. (https://skm.mk/)
Важни квалитети
Комуникациски вештини. Стоматолозите мора ефективно да комуницираат со пациентите, да ги сослушаат пациентите, како и да ги советуваат за грижата на забите.
Детално ориентирани. Стоматолозите мора да обрнат внимание на формата, бојата на забите и просторот меѓу нив.
Умешност. Стоматолозите мора да бидат вешти со своите раце. Тие мора да работат внимателно со алатки на мали простори за да обезбедат безбедност на нивните пациенти.
Лидерски способности. Стоматолозите, особено оние со свои ординации, управуваат со персонал. .
Трпеливост. Стоматолозите можат да работат подолги периоди со пациенти на кои им треба посебно внимание, вклучително и деца и оние со страв од стоматолошката работа. .
Вештини за решавање проблеми Стоматолозите мора да ги проценат симптомите на пациентите и да го изберат соодветниот третман.