Стаклари
Како да станете стаклар
Образование
Повеќето стаклари ги учат своите вештини преку обука на работното место или во текот на работното искуство. Минимум е основно образование, но за ова занимање не се бара формално средно образование, некои стаклари и работилници за стакло може да побараат претходно работно искуство.
Потребни вештини
Спретност: Стакларите бидејки работат со лесно кршлив материјал мора да работат претпазливо за да не дојдат во ситуација да се повредат од стаклата.
Математички вештини: Стакларите користат математички вештини – вклучувајќи мерење, пресметување, обем, плоштина, за да можат точно да ги пресечат стаклата според димензиите.
Вештини за услуги на клиенти: Стакларите разговараат со клиентите за проблемите кои ги имаат, и даваат најдобри опции за нивно решавање.
Вештини за управување со времето: Стакларите често работат со утврден рок. Како резултат на тоа, тие треба да работат ефикасно за да ги испочитуваат утврдените распореди.
Физичка сила: Работниците мора да бидат доволно силни бидејки стаклото е тешко, тие подигнуваат големи тежини при работа со него.