Стаклари

Стаклари

Активности

Стакларите земаат мерки и сечат стакло и огледало и го поставуваат на прозорци, врати, излози и други рамки.

Задачите вклучуваат:

  • избор на стаклени плочи, сечење по мерка и вградување во прозорци, врати, излози, автомобили и стаклени покриви;
  • вградување на посебни стакла (изопан, термопан) со топлински и ултравиолетови карактеристики;
  • изработка на украсни елементи од стакло на објекти, стаклени ѕидови, скали и прозорци од обоено стакло;
  • сервисирање на предмети од стакло;
  • употреба на стакло и огледало за различна намена;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

7125.01 Градежен стаклар

7125.02 Застаклувач

7125.03 Застаклувач на возила

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Стакларите земаат мерки и сечат стакло и огледало и го поставуваат на прозорци, врати, излози и други рамки.

Потребно образование при вработување

Минимум основно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

20.740 МКД