Ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки

Ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки

Како да станете ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки

Образование

Повеќето ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки имаат завршено основно или средно образование и соодветна обука која ја нудат провајдерите.

Од 2015 г., неколку сродни занимања со ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки се стандардизирани од страна на Министерството за труд и социјална политика, а потребните вештини и знаење се наведени во продолжние:

  • Ракувач на дигалка:

http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/soobr-rakuvac_na_digalka.pdf

  • Ракувач на виљушкар:

http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/soobr-rakuvac_na_viljuskar.pdf

  • Ракувач на автодигалка:

http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/soobrakajna_rakuvavtod.pdf

 

Средните стручни училишта од  собраќајната струка не  нудат програми за ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки.

Обука

Центарот за образование на возрасни има верификувано програми за обука, кои се со времетраење од 4 месеци (минимум завршено основно/средно образование).

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки посетете ја следната страница:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

Секоја година, Агенцијата за вработување нуди голем број различни субвенционирани програми за обука.

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.av.gov.mk

Потребни вештини

Внимателност. Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки мора да бидат свесни за околината додека ракуваат со дигалките.

Аналитички вештини: Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки мора да го следат  процесот на работа со машините со кои ракуваат. Овие задачи бараат прецизност и точност.

Координација рака-око-нога. Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки треба да имаат смирени раце и нозе за прецизно насочување и контрола на опремата. Тие користат рачни контроли за маневрирање со машините во тесни простори, околу големи објекти и на нерамни површини.

Комуникациски вештини: Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки  соработуваат со соработниците од претходната и наредната операција, соработуваат со раководителот,  познаваат и применуваат  техничко-технолошка терминологија

Механички вештини. Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки прават мали приспособувања на машините и основно одржување.

Визуелна способност. Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки мора јасно да гледаат каде возат или каде се движат. Мора да внимаваат на работниците во близина, кои незнаејќи може да влезат во нивната патека.

Задолженија на работното место

Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки управуваат со дигалки за тежок товар и други уреди и ја надгледуваат нивната работа.

Потребно образование при вработување

Основно образование и соодветна обука

Просечна месечна нето заработувачка

18. 229 МКД

Слободни работни местa

67