Ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки

Ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки

Активности

Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки управуваат со дигалки за тежок товар и други уреди и ја надгледуваат нивната работа.

Задачите вклучуваат:

  • управување со стационирани или подвижни дигалки (кранови) со фиксни или променливи краци;
  • управување со уреди за кревање и спуштање на луѓе и материјали на градилишта и во рудници и нивно надгледување;
  • управување со кранови во бродоградилишта;
  • управување со скијачки лифтови и слични уреди и нивно надгледување;
  • управување со машини за влечење на траекти или скелиња со стоки, патници и возила, на кратки водени релации;
  • управување со машини за отворање и затворање на мостови за сувоземен и воден сообраќај и нивно надгледување;
  • вршење на сродни работи;
  • надзор на другите работници.

Оваа единица ги вклучува следните занимања:

8343.01  Возач на подвижна дигалка

8343.02  Ракувач со подвижна дигалка

8343.03  Ракувач со кран

8343.04  Ракувач со жичара

8343.05  Ракувач со витло

8343.06  Ракувач со транспортна лента

8343.07  Ракувач со лифт

8343.08  Ракувач со рударски извозни постројки

8343.09  Ракувач со уреди за брани

8343.10  Ракувач за помошен мост

8343.11  Ракувач со дигалка

8343.12  Ракувач со кружни дигалки

8343.13  Ракувач со бродски дигалки

8343.14  Ракувач со механизација на пристаниште

8343.15  Ракувач со вилушкар

8343.16  Ракувач со машина за миење на коли

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки управуваат со дигалки за тежок товар и други уреди и ја надгледуваат нивната работа.

Потребно образование при вработување

Основно образование и соодветна обука

Просечна месечна нето заработувачка

18. 229 МКД

Слободни работни местa

67