Ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки

Ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки

Изгледи за вработување

Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки, според податоците на Агенцијата за вработување се меѓу побарувани занимања. Во просек, на месечно ниво јануари – декември 2018 година изнесува 67 ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки. Според процените на Анкетата за работна сила на  Државниот завод за статистика  2014-2018 година, бројот на вработени ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки се движи помеѓу 1260 – 2650 лица.

Можностите за вработување се очекува да бидат добри и во иднина, бидејќи градежната активност е во пораст.  Побарувачката за работници од ова занимање е тесно поврзано со градежниот сектор.

Слични занимања (од ISCO-08)

  • Возачи на подвижни земјоделски и шумарски машини – 8341
  • Ракувачи со градежни и слични машини – 8342
  • Возачи на тешки товарни возила со подвижна дигалка – 8344

Задолженија на работното место

Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки управуваат со дигалки за тежок товар и други уреди и ја надгледуваат нивната работа.

Потребно образование при вработување

Основно образование и соодветна обука

Просечна месечна нето заработувачка

18. 229 МКД

Слободни работни местa

67