ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Работна средина

Производителите на млечни производи работат во млекари – фабрики за  преработка на млеко и производство на млечни производи, кои треба да исполнуваат хигиенско технички услови согласно законските прописи. Таквите капацитети,  користат бучни машини за мешање, стерилизација и друга опрема, кои може да бидат автоматизирани, за масовно производство на стандардизирани млекарски производи.  Тие внимателно ги следат упатствата за производство, вклучувајќи го времето и рецептите.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Производителите на млечни производи се занимаваат со подготовка на млеко и негова преработка во путер и различни видови сирење, кашкавал, кајмак, урда и други млечни производи за продажба.

Потребно образование при вработување

Средно стручно образование

Просечна месечна нето заработувачка

19.034 МКД

Слободни работни местa

5