ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Како да станете производител/ка на млечни производи

Образование

Генерално, производителите на млечни производи треба да имаат завршено најмалку 3 годишно средно образование програма за млекопреработувач.

Училишта за стручно образование и обука кои нудат програми за млекопреработувач  со 3 години средно образование се следниве :

  • Средно училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“ –  Скопје

Неколку средни  училишта во Македонија нудат програми за средно образование со кои се стекнува диплома за прехранбен техничар. Овие програми, се со времетраење од 4 години.

Училишта за стручно образование и обука кои нудат програми за прехранбен техничар се следниве:

  1. Средно стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“- Велес
  2. Средно општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“- Делчево
  3. Средно општинско училиште „Митко Пенџуклиски“-Кратово
  4. Средно стручно општинско училиште „Киро Бурназ“- Куманово
  5. Средно општинско училиште „св. Кирил и Методиј“- Неготино
  6. Средно општинско училиште „Орде Чопела“-Прилеп
  7. Средно општинско училиште „Димитар Влахов“– Струмица
  8. Средно општинско текстилно училиште „Ѓоце Стојчески“– Тетово
  9. Средно општинско училиште „Ванчо Прќе“ – Виница
  10. Средно училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“ – Скопје

Обука и сертификати

Центарот за образование на возрасните верификува посебни програми за образование на возрасни, кои се со времетраење од 3 до 6 месеци, зависно од интензитетот на посетување, минимум возраст и  минимум завршено образование за влез во обуката.

Центарот за образование на возрасни има верификувано посебни програми за образование на возрасни за производителите на млечни производи со времетраење од 3 месеци со задолжително завршено основно образование и  уреден наод  од санитарен преглед.

За повеќе информации за верификуваните посебни програми за образование на возрасни, посетете го следниов линк:

http://cov.gov.mk/mk/all-courses

Агенцијата за вработување, врз основа на Годишни оперативни планови за активни мерки и услуги на пазарот на трудот, ја спроведува и мерката Обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, а занимањата се утврдуваат согласно претходно направени анализи од повеќе извори. Обуките се спроведуваат за невработени лица кои се на евиденција на АВРСМ.

Повеќе информации може да најдете на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија или на следниот линк:

http://www.avrm.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

Приватните претпријатија може да отворат провајдер за обука (обучен центар) и во комерцијална употреба да вршат обуки за занимањето за невработени лица, вработени лица за прекалификација или доквалификација или  обуки на своите вработени лица.

Министерството за труд и социјална политика го стандардираше занимањето “Производител на млеко и млечни производи” Во 2014 година.

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/hemiska_proizvmlecproiz.pdf

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Производителите на млечни производи се занимаваат со подготовка на млеко и негова преработка во путер и различни видови сирење, кашкавал, кајмак, урда и други млечни производи за продажба.

Потребно образование при вработување

Средно стручно образование

Просечна месечна нето заработувачка

19.034 МКД

Слободни работни местa

5