ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Активности

Производителите на млечни производи се занимаваат со подготовка на млеко и негова преработка во путер и различни видови сирење, кашкавал, кајмак, урда и други млечни производи за продажба.

Задачите вклучуваат:

  • варење млеко, одвојување на кајмакот од млекото, матење на кајмакот во путер;
  • мерење на масленоста на млекото;
  • потсирување млеко, загревање на белото (мрвено) сирење сé додека не ја

достигне саканата тврдост, негово процедување и ставање на сирењето во

калапи за пресување во одредена форма;

  • производство на други производи од млеко како кисело млеко, павлака, урда,  кајмак, кашкавал и зденка;
  • запазување на процедурите и стандардите на производството;
  • проверка на квалитетот на млекото и на другите млечни производи;
  • пласман на производите на пазарот;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

7513.01  Контролор на млеко

7513.02  Млекар

7513.03  Млекар, мајстор

7513.04  Изработувач на сирење

7513.05  Изработувач на кашкавал

7513.06  Изработувач на урда и други млечни производи

7513.07  Изработувач на путер и маргарин

7513.08  Изработувач на сладолед

7513.09  Помошник- бач

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Производителите на млечни производи се занимаваат со подготовка на млеко и негова преработка во путер и различни видови сирење, кашкавал, кајмак, урда и други млечни производи за продажба.

Потребно образование при вработување

Средно стручно образование

Просечна месечна нето заработувачка

19.034 МКД

Слободни работни местa

5