Преработувачи на месо, риба и сродни прехранбени артикли
Работна средина
Преработувачите на месо, риба и сродни прехранбени артикли работат во кланици,фарми, погони за преработка на месо и месни производи или малопродажба. Нивната работа е физички напорна, прават повторливи движења, обично стојат додека работат и честопати ги креваат и придвижуваат тешките трупови или кутии со производи. .
Бидејќи месото мора да се чува на ладни температури, преработувачите на месо, риба и сродни прехранбени артикли обично работат во ладни простории подолг период.
Според проценките од Анкетите на работна сила од 2017 до 2022, бројот на преработувачите на месо, риба и сродни прехранбени артикли се движи од 1400 до 2200 вработени лица.