Преработувачи на месо, риба и сродни прехранбени артикли
Како да станете преработувачи на месо, риба и сродни прехранбени артикли
Образование
Потребно е завршено средно образование со времетраење од три години. Техничките училишта во Македонија нудат наставни хемиско-технолошка струка, преку тригодишната програма „ месопреработувач “.
Од 2015 г., Министерството за труд и социјална политика има стандардизирано три занимања од областа на хемиско-технолошка струка, кои можат подетално да се видат на следниве линкови:
- Преработувач на месо и месни производи
https://drive.google.com/file/d/1_jpQ2ldnoJBjMZ6BogbWcEvMjtXzD-IY/view
Јавни средни училишта кои нудат 3 годишни програми за „ месопреработувач “ од хемиско-технолошката струка се:
- СРЕДНО СТРУЧНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“ – Велес
- СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – Неготино
- СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КОЧО РАЦИН“ – Свети Николе
- СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ – Скопје
Обука
Во моментов не постојат верифицирани програми за преработувачите на месо, риба и сродни прехранбени артикли.
За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за преработувачи на месо, риба и сродни прехранбени артикли кои може да се јават подоцна, посетете ја страницата на Центарот за образование на возрасни: http://cov.gov.mk/advanced-search/
За повици за активни мерки на пазарот на трудот: www.av.gov.mk
Важни квалитети
• Работи самостојно, сигурно и ефикасно;
• Прифаќа одговорност за сопствената работа и работата на другите;
• Прифаќа прераспределба на работни задачи и врши технички и друг надзор;
• Поседува вештини за усна, писмена и електронска комуникација за технички и
други информации, на мајчин и странски јазик;
• Умее активно да слуша и почитува правила за вербална и невербална
комуникација;
• Соработува со колеги, клиенти и добавувачи;
• Логички размислува и учествува во решавање на проблеми во секојдневни
сиитуации и од областа на занимањето;
• Работи на начин кој овозможува орджлив развој;
• Ја одржува и подобрува компетеноста во сопствената област;
• Покажува флексибилност и адаптибилност за новонастанати ситуации и е
мотивиран за работа во сопствената област;
