Општи доктори по медицина

Општи доктори по медицина

Работна средина

Општите доктори по медицина се важен член на медицинскиот персонал кој е задолжен за дијагностика и за лекување на пациентите. Работат во ординации, болници (државни или приватни установи) и здравствени домови. Работното време го поминуваат во добро осветлени простории за дијагностика или за лекување со помош на медицинска опрема.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Општите доктори по медицина спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат знаења, теории и оперативни методи за работа и применуваат научни знаења од областа на општата медицина и ја одржуваат општата здравствена состојба на луѓето во заедницата. Тие, раководејќи се од медицинската етика, учат и дијагностицираат различни видови на болести, физички повреди, ментални нарушувања и лекуваат со примена на принципите и процедурите на модерната медицина, надгледуваат болни лица, едуцираат и водат истражувачки активности.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

60.503 МКД

Слободни работни местa

135