Општи доктори по медицина
Како да станете општи доктори по медицина
Со звањето „Општи доктори по медицина„ се стекнуваат лицата кои завршиле високо образование – Медицински факултет и кои се стекнале со Диплома за завршен медицнски факултет. Неколку високо образовни институции во Република Северна Македонија нудат програми за доктори по општа медицина со кои се стекнува со Диплома за завршен медицнски факултет и тоа:
Медицински факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје
Медицински факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип и
Медицински факултет при Државниот Универзитет во Тетово
Лиценци, овластувања и регистри
Општите доктори по медицина во Македонија потребно е да го поминат приправничкиот стаж да го положат стручниот испит и со тоа да се зачленат во Лекарската комора на Република Северна Македонија поради добивање на лиценца за работа од истата, за извршување на работа општ доктор по медицина. Целта на Комората е:
Заштита и унапредување на стручноста и етичките должности и права,
Подобрување на квалитетот на здравствена заштита,
Заштитата на интересите на Лекарската професија,
Следење на односот на доктори по медицина кон општеството и граѓаните,
Заштита на правата и професионалните интереси на доктори по медицина,
Грижа и унапредување на достоинството, угледот, интегритетот на доктори по медицина,
Обезбедување на организиран настап на докторите на медицина пред државните органи, Фондот за здравствено осигурување на РСМ, здравствените установи, производителите и добавувачите на медицинска опрема,
Унапредувањето на севкупната лекарска струка и професија за нејзино правилно и чесно вршење,
Дава предлози и сугестии за организирање на здравствена заштита на сите нивоа и пред институциите на системот, а сé во интерес на граѓаните и на докторите по медицина на територијата на Република Северна Македонија.
Линк од Лекарската комора:
http://www.lkm.org.mk/mk/zapis.asp?ID=276
Обука и сертификати
Покрај формалното образование и лиценцата, општите доктори по медицина се должни да ги унапредуваат своите знаења преку стручно усовршување и континуирана едукација со цел продолжување на лиценцата за работа. Стручното усовршување го организираат и спроведуваат наставни и научни институции, стручни здруженија, државни органи, правни лица во областа на медицината.
Напредување
Општите доктори по медицина, можат да се специјализираат во некоја област или да напредуваат во некоја по тесна област со што ке се стекнат со звањето доктор специјалист во областа.
Важни квалитети
Комуникациски вештини. Општите доктори по медицина постојано комуницираат со пациентите и со членовите на семејство.
Сочувство. Општите доктори по медицина треба да се грижат и да се сочувствуваат со пациентите. .
Одговорност. Одговорност преку која треба на пациентите да им овозможат правилни третмани и во вистинско време со што развиваат голема доверба и сигурност на пациентите.
Емоционална стабилност. Треба да имаат способност за управување со своите емоции (синдром на согорување) или т.н. емпатичност и да се справат со човечките страдања во вонредни состојби и други стресови. .
Организациски вештини. Општите доктори по медицина често работат со повеќе пациенти со различни здравствени потреби. Организациските вештини треба да бидат од суштинско значење за правилен распоред на интервенциите со цел секој пациент да добие соодветна грижа.