Општи доктори по медицина

Општи доктори по медицина

Повреди и болести

Работата на општите доктори по медицина е стресна и подлежи на синдром на согорување. Општите доктори по медицина се во секојдневен контактот со пациенти кои имаат непознати заразни болести или пак се потенцијални носители на истите и оттука е големата изложеност на инфективен контакт на персоналот.

Задолжително е придржување кон прописите за безбедност и здравје при работа  согласно секое конкретно работно место. Во тој случај потенцијалните опасности по работникот се сведени на минимум.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Општите доктори по медицина спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат знаења, теории и оперативни методи за работа и применуваат научни знаења од областа на општата медицина и ја одржуваат општата здравствена состојба на луѓето во заедницата. Тие, раководејќи се од медицинската етика, учат и дијагностицираат различни видови на болести, физички повреди, ментални нарушувања и лекуваат со примена на принципите и процедурите на модерната медицина, надгледуваат болни лица, едуцираат и водат истражувачки активности.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

60.503 МКД

Слободни работни местa

135