Општи доктори по медицина

Општи доктори по медицина

Просечна месечна нето заработувачка

Просечната месечна нето заработувачка за споредната група 221 – Доктори по медицина, изнесувала 60.503 денари во 2018 година. Според статистиката на Агенцијата за вработување, во 2022 година, најголем број  од огласите за општи доктори по медицина се однесувале за вработувања со полно работно време.

(Извор: Државен завод за статистика, Анкета за структура на заработувачката, 2018 г.)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Општите доктори по медицина спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат знаења, теории и оперативни методи за работа и применуваат научни знаења од областа на општата медицина и ја одржуваат општата здравствена состојба на луѓето во заедницата. Тие, раководејќи се од медицинската етика, учат и дијагностицираат различни видови на болести, физички повреди, ментални нарушувања и лекуваат со примена на принципите и процедурите на модерната медицина, надгледуваат болни лица, едуцираат и водат истражувачки активности.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

60.503 МКД

Слободни работни местa

80