Општи доктори по медицина

Општи доктори по медицина

Активности

Општите доктори по медицина спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат знаења, теории и оперативни методи за работа и применуваат научни знаења од областа на општата медицина и ја одржуваат општата здравствена состојба на луѓето во заедницата. Тие, раководејќи се од медицинската етика, учат и дијагностицираат различни видови на болести, физички повреди, ментални нарушувања и лекуваат со примена на принципите и процедурите на модерната медицина, надгледуваат болни лица, едуцираат и водат истражувачки активности.

 Задачите вклучуваат:

  • спроведување на испитувања и интервјуирања на пациентите за да се утврди нивната здравствена состојба;
  • давање комплетна превентивна, куративна и рехабилитациска здравствена заштита;
  • откривање и отстранување на причините на заболувањата, односно спречување на болести и повреди и нивните последици;
  • лекување и рехабилитација на телесно и душевно заболени лица;
  • препишување на основни лекарства за лекување на пациентите;
  • советување на пациентите за здравата исхрана и начинот на живот;
  • вршење на лесни клинички постапки;
  • учество во донесувањето и реализацијата на законите и одредбите на општествената здравствена заштита, со цел зачувување и промовирање на здравјето во локалната заедница;
  • давање на препораки на пациентите за повисок степен на медицинско специјалистичко лекување;
  • поттикнување и насочување на активности за самозаштита на населението;
  • отворање на боледување на болните работници кои не се во можност да ги вршат работните обврски;
  • одржување на консултации со други релевантни стручњаци од областа на медицината;
  • преземање на мерки за спречување на колективни болести и зарази со едукација на населението;
  • вршење на законските обврски кај смртните случаи;
  • изработка на научни трудови и пишување на извештаи;
  • вршење на сродни работи;
  • надзор на останатите соработници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

2211.01 – Доктор по медицина

2211.02 – Доктор по општа медицина

2211.03 -Доктор по школска медицина

2211.04 – Доктор по медицина на трудот

2211.05 – Доктор по медицина – општ хирург

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Општите доктори по медицина спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат знаења, теории и оперативни методи за работа и применуваат научни знаења од областа на општата медицина и ја одржуваат општата здравствена состојба на луѓето во заедницата. Тие, раководејќи се од медицинската етика, учат и дијагностицираат различни видови на болести, физички повреди, ментални нарушувања и лекуваат со примена на принципите и процедурите на модерната медицина, надгледуваат болни лица, едуцираат и водат истражувачки активности.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

60.503 МКД

Слободни работни местa

80