РАКУВАЧИ СО ПОСТРОЈКИ ЗА ОБРАБОТКА НА РУДА И КАМЕН
Како да станете ракувач/ка со постројки за обработка на руда и камен
Образование
Повеќето ракувачи со постројки за обработка на руда и камен имаат завршено основно или средно образование, и учат на работното место или преку искуството на поискусните ракувачи. Некои може да учат и да посетуваат обука преку програмите за геологија, рударство и металургија, кои ги нудат стручните училишта ширум земјата. Програмата за ракувачи на машини за руда во стручните училишта е со времетраење од 3 години.
Од 2015 г., неколку сродни занимања со ракувачи со постројки за обработка на руда и камен се стандардизирани од страна на Министерството за труд и социјална политика, а потребните вештини и знаење се наведени во продолжние:
- Ракувач со рударски машини во површинска експлоатација:
http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/georud-rudmaspovrs.pdf
- Ракувач со рударски машини во подземна експлоатација:
http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/georud-rudmaspodz.pdf
- Ракувач на механизација за подземна експлоатација на јаглен:
http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/georud-mehpodeksjag.pdf
Стручни училишта што нудат тригодишни програми за оператори на машини за рударство:
- Средно општинско училиште „Таки Даскало“ – Битола
- Средно општинско училиште „Миле Јаневски-Ѕингар“ – Македонска
- Каменица
- Средно општинско училиште „Коста Сусинов“ – Радовиш
Обука
Центарот за образование на возрасни верификува програми за обука, кои се со времетраење од 4 месеци (минимум завршено средно образование).
За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки посетете ја следната страница:
http://cov.gov.mk/advanced-search/
Секоја година, Агенцијата за вработување нуди голем број различни субвенционирани програми за обука.
За повици за активни мерки на пазарот на трудот:
Приватните претпријатија може да спонзорираат програми за практиканство за нови вработени.
Потребни вештини
Внимателност. Ракувачите со постројки за обработка на руда и камен мора да бидат свесни за околината додека ракуваат со машините.
Координација рака-око-нога. Ракувачите со постројки за руда и камен треба да имаат смирени раце и нозе за прецизно насочување и контрола на опремата. Тие користат рачни контроли за маневрирање со машините во тесни простори, околу големи објекти и на нерамни површини.
Механички вештини. Ракувачите со постројки за обработка на руда и камен прават мали приспособувања на машините и основно одржување.
Визуелна способност. Ракувачите со постројки за обработка на руда и камен мора јасно да гледаат каде возат или каде се движат. Мора да внимаваат на работниците во близина, кои незнаејќи може да влезат во нивната патека.
