РАКУВАЧИ СО ПОСТРОЈКИ ЗА ОБРАБОТКА НА РУДА И КАМЕН

РАКУВАЧИ СО ПОСТРОЈКИ ЗА ОБРАБОТКА НА РУДА И КАМЕН

Активности

Ракувачите со постројки за обработка на руда и камен надгледуваат и ракуваат со машините и опремата за обработка на камен и руда за облагородување на добиените производи.

Ракувачите со постројки за обработка на руда и камен:

  • ракуваат со и надгледуваат постројки и машини за сортирање, кршење, мелење и сушење минерални суровини според спецификациите за работа;
  • ракуваат со и надгледуваат постројки за континуирано ископување и транспорт на минерални суровини од наоѓалиштата до местото на преработка;
  • ракуваат со и надгледуваат постројки и машини за одвојување на корисниот минерал од јаловината, како и за одвојување на одделни минерални компоненти со примена на соодветни методи (сепарација, филтрирање, екстракција, поврзување и слично);
  • ги следат пропишаните процедури за употреба на машинеријата и и ги почитуваат безбедносните мерки при работата;
  • водат евиденција за видот и количината на обработениот материјал во единица време;
  • собираат примероци од обработените производи за лабораториски анализи;
  • ја одржуваат и поправаат опремата за работа;

Занимања класифицирани тука:

8112.01 Ракувач со постројки за дробење на руда и камен

8112.02 Ракувач со постројки за сепарација

8112.03 Ракувач со постројки за мелење на руда и камен

8112.04 Ракувач со постројки за облагородување на минерални суровини

8112.05 Ракувач со машини и уреди за обработка на руда и камен

8112.06 Ракувач со постројки за отпрашување

8112.07 Ракувач со постројки за флотација

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Ракувачите со постројки за обработка на руда и камен надгледуваат и ракуваат со машините и опремата за обработка на камен и руда за облагородување на добиените производи за директна употреба или понатамошна обработка.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и соодветна обука
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

28.927 МКД

Слободни работни местa

9