РАКУВАЧИ СО ПОСТРОЈКИ ЗА ОБРАБОТКА НА РУДА И КАМЕН
Изгледи за вработување
Се очекува вработувањето на ракувачи со постројки за обработка на руда и камен да забележи пораст како резултат на зголемениот број лиценцирани рудници ширум земјата.
Во целина, изгледите за вработување на ракувачи со постројки за обработка на руда и камен и понатаму ќе бидат поволни, бидејќи градежната активност е во пораст, заради потребата од нови згради и патишта ширум земјата. Побарувачката за работници во оваа индустрија е тесно поврзана со градежниот сектор. Недостиг на работници може да има во регионите каде што има рударски наоѓалишта и во екот на градежната активност.
Слични занимања (од ISCO-08)
▪ Каменорезец (рачни алатки) – 7113
▪ Ѕидар со камен – 7113
▪ Гравер (рачни алатки) – 7113
▪ Клесар (рачни алатки) – 7113
▪ Ракувач со машини за обработка на камен – 8114
▪ Ракувач со пила за камен – 8114
Повеќе информации
За вработување:
