Монтери и механичари на информатичка и комуникациска технологија

Монтери и механичари на информатичка и комуникациска технологија

Како да станете монтери и механичари на информатичка и комуникациска технологија

Образование

Потребно е завршено средно стручно 4 годишно образование, од  електротехничка струка.

Листа на средни училишта кои нудат 4 – годишни програми за образование од електротехничка струка  се:

  1. СРЕДНО ОПШТИНСКО ТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЃИ НАУМОВ –  Битола
  2. СРЕДНО СТРУЧНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ
    „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ – Велес
  3. СРЕДНО ОПШТИНСКО ТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ „ГОСТИВАР“ –
    Гостивар
  4. СРЕДНО ОПШТИНСКО СТРУЧНО УЧИЛИШТЕ „ИЛИНДЕН“ – Илинден
  5. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ – Кочани
  6. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „РИСТЕ РИСТЕСКИ“ – РИЧКО“ – Прилеп
  7. СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ – Скопје
  8. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КОЛЕ НЕХТЕНИН“ – Штип
  9. ОПШТИНСКО СРЕДНО ТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ „НАЦЕ БУЃОНИ“Куманово
  10. СРЕДНО ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „МИХАЈЛО ПУПИН“-Скопје
  11. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „НИКОЛА КАРЕВ“- Струмица
  12. СРЕДНО ОПШТИНСКО СТРУЧНО УЧИЛИШТЕ „МОША ПИЈАДЕ“-Тетово
  13. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КИРО СПАНЏОВ – БРКО“-Кавадарци
  14. ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „МИРКО МИЛЕСКИ“-Кичево
  15. ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „ДРИТА“-Кичево
  16. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“-Крива Паланка
  17. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“-Неготино

Важни квалитети

Вештини за услуги на клиенти. Монтерите и механичарите на информатичка и комуникациска технологија кои работат во домовите и канцелариите на клиентите треба да бидат пoљубезни кога зборуваат со клиенти и соработници.Тие мора да бидат способни да ги научат луѓето како да ја одржуваат и управуваат со комуникациската опрема.

Умешност. Задачите на монтерите и механичарите на информатичка и комуникациска технологија, како што се поправка на мали уреди, поврзување на компоненти и употреба на рачни алатки, бараат стабилна рака и добра координација со око.

Механички вештини. Монтерите и механичарите на информатичка и комуникациска технологија мора да бидат запознаени со уредите што ги инсталираат и поправаат, со нивните внатрешни делови и со соодветните алатки потребни за нивно користење, инсталирање или поправање. Тие исто така мора да бидат во можност да ги разберат упатствата на производителите при инсталирање или поправка на опремата.

Визија во боја. Монтерите и механичарите на информатичка и комуникациска технологија работат со жици кодирани во боја, и тие треба да можат да ги разликуваат.

Вештини за решавање на проблеми. Монтерите и механичарите на информатичка и комуникациска технологија мора да бидат способни да решаваат проблеми и да осмислуваат решенија за проблемите што не се видливи веднаш.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Монтерите и механичарите на информатичка и комуникациска технологија поставуваат, одржуваат и сервисираат информатичка и комуникациска опрема во централи и кај корисниците, инсталираат опрема за пренос на податоци, антени, кабли, проводници и друга слична опрема.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

22.945 МКД

Слободни работни местa

11