Монтери и механичари на информатичка и комуникациска технологија

Монтери и механичари на информатичка и комуникациска технологија

Активности

Монтерите и механичарите на информатичка и комуникациска технологија поставуваат, одржуваат и сервисираат информатичка и комуникациска опрема во централи и кај корисниците, инсталираат опрема за пренос на податоци, антени, кабли, проводници и друга слична опрема.

Задачите вклучуваат:

  • поставување, одржување и сервисирање на компјутерска технологија;
  • поставување и адаптација на компјутерски хардвер;
  • поставување, одржување и сервисирање на телекомуникациска опрема во
    централи и кај корисниците;
  • инсталирање и сервисирање на радио и телевизиска опрема;
  • монтирање и поправање на воздушни и подземни електрични линии кои
    пренесуваат и дистрибуираат електрична енергија;
  • монтирање и поправање на надземни и подземни телефонски и телеграфски
    линии;
  • спојување на надземни и подземни кабли;
  • поставување, одржување и сервисирање на уреди што работат на
    електромагнетни бранови;
  • поставување и одржување на антени кои се користат во комуникациите;
  • водење на сервисна документација;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

7422.01 Монтер на телекомуникациска електроника, специјализиран

7422.02 Монтер на телевизиски антени

7422.03 Монтер на аудиовизуелна електроника, специјализиран

7422.04 Монтер на радио-телевизиска електроника, специјализиран

7422.05 Механичар на електронски сигнални уреди

7422.06 Механичар на електронски сигнални уреди, мајстор

7422.07 Механичар на телекомуникациска опрема

7422.08 Механичар на телекомуникациска опрема, специјализиран

7422.09 Механичар на аудио и видеотехника

7422.10 Механичар на аудио и видеотехника, специјализиран

7422.11Работоводител на монтери, механичари и сервисери на
телекомуникациски уреди

7422.12 Монтер на телекомуникациски уреди

7422.13 Монтер на телекомуникациски уреди, специјализиран

7422.14 Механичар на телекомуникациски уреди

7422.15 Механичар на телекомуникациски уреди, специјализиран

7422.16 Сервисер на терминалски апарати кај претплатници

7422.17 Работоводител на монтери на електрични и телекомуникациски мрежи

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Монтерите и механичарите на информатичка и комуникациска технологија поставуваат, одржуваат и сервисираат информатичка и комуникациска опрема во централи и кај корисниците, инсталираат опрема за пренос на податоци, антени, кабли, проводници и друга слична опрема.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

22.945 МКД

Слободни работни местa

27