Фасадери и гипсари

Фасадери и гипсари

Повреди и болести

Работата на фасадерите и гипсарите може да биде опасна, а неправилното ракување со опремата, може да предизвикаат сериозни повреди.   Исто така, можни се посекотини, како и повреди од висок притисок при дефекти на опремата и машините во процесот на работа.

Задолжително е придржување кон прописите за безбедност и здравје при работа  согласно секое конкретно работно место. Во тој случај потенцијалните опасности по работникот се сведени на минимум.

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Фасадерите и гипсарите малтерисуваат надворешни и заштитни ѕидови на објекти, поставуваат и изработуваат гипсани украси и други декоративни гипсани делови на ѕидовите и плафоните, како и вршат нивна поправка.

Потребно образование при вработување

Тригодишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

20.740 МКД

Слободни работни местa

72 АВРСМ