Фасадери и гипсари

Фасадери и гипсари

Активности

Фасадерите и гипсарите малтерисуваат надворешни и заштитни ѕидови на објекти, поставуваат и изработуваат гипсани украси и други декоративни гипсани делови на ѕидовите и плафоните, како и вршат нивна поправка.

Задачите вклучуваат:

  • малтерисување на надворешни ѕидови на објекти и изработка на фасади;
  • нанесување на декоративен малтер со користење на различни техники;
  • украсување на фасадирани ѕидови со гипсан ѕид, пластика или со лепење на    готови украсни елементи;
  • изработка на ѕидна пластика од гипс, сушење во работилница и поставување на   ѕид;
  • затворање на електрични проводници со гипс или гипсани плочки;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

Оваа единица ги вклучува следните занимања:

7123.01  Фасадер

7123.02  Фасадер, мајстор

7123.03  Гипсар

7123.04  Работоводител на завршни работи

7123.05  Фасадер со вештини за енергетска ефикасност на згради

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Фасадерите и гипсарите малтерисуваат надворешни и заштитни ѕидови на објекти, поставуваат и изработуваат гипсани украси и други декоративни гипсани делови на ѕидовите и плафоните, како и вршат нивна поправка.

Потребно образование при вработување

Тригодишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

14.305 МКД

Слободни работни местa

95