Електроинженери

Електроинженери

Просечна месечна нето заработувачка

Просечната месечна нето заработувачка за споредната група Инженери за електротехнологија каде спаѓаат електроинженерите, изнесувала 42.385  денари, според Анкетата за структура на заработувачка на Државниот завод за статистика во  2018 година. Според статистиката на Агенцијата за вработување, во 2018 година, околу 79 проценти од огласите за електроинженерите се однесувале за вработувања со полно работно време.

(Извор: Државен завод за статистика, Анкета за структура на заработувачката, 2018 г.)

Задолженија на работното место

Електроинженерите спроведуваат истражувања, планираат, развиваат, дизајнираат, проектираат и водат изградба на електротехнички објекти, електронски уреди и телекомуникациски системи, и обезбедуваат нивно функционирање, одржување и поправка, како и проучување на технолошките аспекти на одделни материјали, производи и процеси и советуваат во врска со нив.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

42.385 МКД

Слободни работни местa

70