Електроинженери
Активности
Електроинженерите спроведуваат истражувања, планираат, развиваат, дизајнираат, проектираат и водат изградба на електротехнички објекти, електронски уреди и телекомуникациски системи, и обезбедуваат нивно функционирање, одржување и поправка, како и проучување на технолошките аспекти на одделни материјали, производи и процеси и советуваат во врска со нив.
Задачите вклучуваат:
- проектирање на опрема и систем за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија и советување во врска со нив;
- извршување на надзор на работата и преносот на електричните системи;
- проектирање на електрични машини, опрема и системи во индустријата и транспортот, како и електрични кујнски апарати и советување во врска со нив;
- специфицирање и проектирање на електрична инсталација во индустриските погони, згради и други објекти, како и надзор при поставувањето на инсталацијата;
- одредување на нормата за испитување и постапки за обезбедување на ефикасно функционирање и сигурност на електричната опрема и системот за производство, пренос и дистрибуција, како и за потрошувачка на електрична енергија;
- лоцирање и отстранување на дефекти;
- организирање и водење на одржувањето и поправката на постоечките електрични системи, опрема, мотори и други производи и постапки и советување во врска со нив;
- проучување на технолошките аспекти на одделни материјали, производи и советување во врска со нив;
- техничка соработка и консултации со другите релевантни стручњаци;
- изработка на научни трудови и пишување на извештаи;
- извршување на сродни работи;
- надзор на останатите соработници.
Оваа единица ги вклучува следните занимања:
2151.01 Инженер за електроенергетика
2151.02 Електроинженер за електрани
2151.03 Електроинженер за високонапонски уреди
2151.04 Електроинженер за јака струја
2151.05 Електроинженер за мерење на електрична енергија
2151.06 Електроинженер за осветлување
2151.07 Електроинженер за пренос и распределба на електрична енергија
2151.08 Електроинженер за производство на електрична енергија
2151.09 Електроинженер за регулација и автоматизација
2151.10 Електроинженер за слаба струја
2151.11 Електроинженер – аналитичар
2151.12 Електроинженер – истражувач
2151.13 Електроинженер – конструктор
2151.14 Електроинженер – контролор
2151.15 Електроинженер – проектант
2151.16 Енергетски инспектор
2151.17 Инженер за далекуводи
2151.18 Инженер за електроинсталации
2151.19 Инженер за електромонтажа
2151.20 Инженер за електроодржување
2151.21 Инженер за испитување на електроуреди
2151.22 Инженер за мерно-регулациона техника
2151.23 Инженер за радио – техника
2151.24 Инженер за ТВ механика
2151.25 Инженер инструктор за електропостројки
2151.26 Надзорен електроинженер за трансформаторска станица
2151.27 Погонски електроинженер
2151.28 Проектант за електроинсталација за јака и слаба струја
2151.29 Проектант – енергетичар
2151.30 Сервисен електроинженер
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)