Електроинженери

Електроинженери

Повреди и болести

Работата на електроинженерите може да биде опасна, затоа се препорачува правилното ракување со опремата. Често може да се случат и повреди поради подигнување на тежок товар.

Задолжително е придржување кон прописите за безбедност и здравје при работа согласно секое конкретно работно место. Во тој случај потенцијалните опасности по работникот се сведени на минимум.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Електроинженерите спроведуваат истражувања, планираат, развиваат, дизајнираат, проектираат и водат изградба на електротехнички објекти, електронски уреди и телекомуникациски системи, и обезбедуваат нивно функционирање, одржување и поправка, како и проучување на технолошките аспекти на одделни материјали, производи и процеси и советуваат во врска со нив.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

42.385 МКД

Слободни работни местa

63