Електроинженери

Електроинженери

Распоред на работата

Повеќето електроинженери работат со полно работно време околу 85 % според податоци од Агенцијата за вработување во 2019 година. Повремено, можеби ќе треба да работат дополнителни часови за да се исполнат роковите на проектот или да се решат проблемите што произлегуваат.

Задолженија на работното место

Електроинженерите спроведуваат истражувања, планираат, развиваат, дизајнираат, проектираат и водат изградба на електротехнички објекти, електронски уреди и телекомуникациски системи, и обезбедуваат нивно функционирање, одржување и поправка, како и проучување на технолошките аспекти на одделни материјали, производи и процеси и советуваат во врска со нив.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

42.385 МКД

Слободни работни местa

70