Аналитичари на менаџмент и организација

Аналитичари на менаџмент и организација

Како да станете аналитичар за менаџмент и организација

Образование

Вообичаено се бара аналитичарите на менаџмент и организација да имаат завршено високо образование на некој од економските факултети – насока менаџмент во Република Северна Македонија или странство.

Листа на државни и приватни универзитети кои имаат акредитирани студиски програми во областа, може да се најдат тука:

http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii

 

Важни квалитети

Аналитички вештини. Аналитичарите на менаџмент и организација треба да интерпретираат широк спектар на информации и да ги користат нивните наоди за да даваат предлози. 

Комуникациски вештини. Аналитичарите на менаџмент и организација треба  да комуницираат јасно и прецизно во пишана и вербална форма. На успешните аналитичари им се потребни добри вештини за слушање за да ги разберат проблемите на организацијата и да предложат соодветни решенија. 

Интерперсонални вештини. Аналитичарите на менаџмент и организација работат со менаџери и други вработени во организациите каде што даваат консултантски услуги. Тие треба да работат како тим за постигнување на целите на организацијата. 

Вештини за решавање проблеми. Аналитичарите на менаџмент и организација треба да бидат способни за креативно размислување за да ги решат проблемите со клиентите. 

Организациски вештини. Аналитичарите на менаџмент и организација треба ефикасно да управуваат со своето време и буџетот.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Аналитичарите на менаџмент и организација вршат проучување, анализа, советување и примена на работните методи поврзани со различни аспекти на деловното работење, помагање на организациите за постигнување на поголема ефикасност, проучување на организациски структури, методи, системи и различни деловни процедури.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

36,650 МКД

Слободни работни местa

317