Аналитичари на менаџмент и организација

Аналитичари на менаџмент и организација

Изгледи за вработување

Барателите на работа се соочуваат со силна конкуренција за позиционирање на работните позиции за аналитичари, бидејќи високиот потенцијал за заработка во оваа професија го прави занимањето доста привлечно. Можностите за работа се очекува да бидат подобри за оние кои имаат постдипломски студии, работно искуство, познавање на странски јазици, талент за продажба и односи со јавност.

Слични занимања класифицирани на друго место: 

  • Стручњаци за правна администрација – 2422
  • Кадровски стручњаци – 2423
  • Стручњаци за обука и развој на кадар – 2424 

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.av.gov.mk

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.av.gov.mk

Задолженија на работното место

Аналитичарите на менаџмент и организација вршат проучување, анализа, советување и примена на работните методи поврзани со различни аспекти на деловното работење, помагање на организациите за постигнување на поголема ефикасност, проучување на организациски структури, методи, системи и различни деловни процедури.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

36,650 МКД

Слободни работни местa

265 АВРМ