Аналитичари на менаџмент и организација

Аналитичари на менаџмент и организација

Активности

Аналитичарите на менаџмент и организација вршат проучување, анализа, советување и примена на работните методи поврзани со различни аспекти на деловното работење, помагање на организациите за постигнување на поголема ефикасност, проучување на организациски структури, методи, системи и различни деловни процедури.

Задачите вклучуваат:

– одржување на знаење и вештини во развојот на настаните од областа на менаџментот и економската теорија;

– поттикнување на развојот на целите, стратегиите и плановите во насока на постигнување на задоволство на вработените и клиентите;

– анализа и оценка на постоечките организациски системи и структури;

– толкување на податоци и трендови што влијаат на организациите во целина;

– ефикасна употреба на организациските ресурси;

– употреба на студии и анализи за организациските методи и постапки од административна и техничка природа;

– евиденција и анализа на организациски графикони, записи, извештаи, прирачници и описи на работни места;

– спроведување на препораки, издавање на инструкции, ревизии и подготовка на друга документација;

– преглед на оперативни процедури, советување за процедури и стандарди;

– решавање на организациски проблеми;

– координација со надворешните менаџмент аналитичари;

– вршење на сродни работи;

– надзор на другите соработници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

2421.01 Советник за менаџмент

2421.02 Советник за продажни методи

2421.03 Советник за бизнис

2421.04 Советник за мали и средни претпријатија

2421.05 Проектен менаџер

2421.06 Советник за економика на домаќинствата

2421.07 Менаџер

2421.08 Регионален менаџер

2421.09 Асистент на градоначалник

2421.10 Координатор на проект

2421.11 Асистент на проект

2421.12 Шеф на кабинет

2421.13 Менаџер по рурален туризам

2421.14 Бизнис аналитичар

2421.15 Менаџер по туризам

2421.16 Менаџер по бизнис администрација

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Аналитичарите на менаџмент и организација вршат проучување, анализа, советување и примена на работните методи поврзани со различни аспекти на деловното работење, помагање на организациите за постигнување на поголема ефикасност, проучување на организациски структури, методи, системи и различни деловни процедури.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

36,650 МКД

Слободни работни местa

317