Монтери и механичари на информатичка и комуникациска технологија
Работна средина
Според проценките од Анкетите на работна сила од 2017-2022 година, бројот на Монтери и механичари на информатичка и комуникациска технологија се движи околу 1300 лица.
Монтерите и механичарите на информатичка и комуникациска технологија кои работат како изведувачи, честопати треба да патуваат – понекогаш и на долги растојанија – за да ги извршат потребните поправки.
Нивната работата може да биде стресна. Покрај тоа, инсталирањето и поправката на опрема често вклучува и кревање и носење тешки предмети, како и работа на тесни места.
