Ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки
Како да станете ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки
Образование
Повеќето ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки имаат завршено основно или средно образование и соодветна обука која ја нудат провајдерите.
Од 2015 г., неколку сродни занимања со ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки се стандардизирани од страна на Министерството за труд и социјална политика, а потребните вештини и знаење се наведени во продолжние:
- Ракувач на дигалка:
http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/soobr-rakuvac_na_digalka.pdf
- Ракувач на виљушкар:
http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/soobr-rakuvac_na_viljuskar.pdf
- Ракувач на автодигалка:
http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/soobrakajna_rakuvavtod.pdf
Средните стручни училишта од собраќајната струка не нудат програми за ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки.
Обука
Центарот за образование на возрасни има верификувано програми за обука, кои се со времетраење од 4 месеци (минимум завршено основно/средно образование).
За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки посетете ја следната страница:
http://cov.gov.mk/advanced-search/
Секоја година, Агенцијата за вработување нуди голем број различни субвенционирани програми за обука.
За повици за активни мерки на пазарот на трудот:
Потребни вештини
Внимателност. Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки мора да бидат свесни за околината додека ракуваат со дигалките.
Аналитички вештини: Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки мора да го следат процесот на работа со машините со кои ракуваат. Овие задачи бараат прецизност и точност.
Координација рака-око-нога. Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки треба да имаат смирени раце и нозе за прецизно насочување и контрола на опремата. Тие користат рачни контроли за маневрирање со машините во тесни простори, околу големи објекти и на нерамни површини.
Комуникациски вештини: Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки соработуваат со соработниците од претходната и наредната операција, соработуваат со раководителот, познаваат и применуваат техничко-технолошка терминологија
Механички вештини. Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки прават мали приспособувања на машините и основно одржување.
Визуелна способност. Ракувачите со кранови, дигалки и слични постројки мора јасно да гледаат каде возат или каде се движат. Мора да внимаваат на работниците во близина, кои незнаејќи може да влезат во нивната патека.
