Техничари за машинство и сродни занимања
Повреди и болести
Бидејќи работата на техничарите за машинство и сродни занимања предвидува рачна работа со разни тешки машини и опрема, тие понекогаш се изложуваат на опасности кои можат да произлезат од ракувањето со машините и опремата или пак да се изложат на опасности од работење со токсични материјали.
Доколку се почитуваат пропишаните правила и процедури за безбедност при работа, повредите на работното место може да се минимизираат.
