Техничари за машинство и сродни занимања
Како да станете техничари за машинство и сродни занимања
Образование
Потребно е завршено средно образование со времетраење од четири години. Техничките училишта во Македонија нудат курсеви за Техничари за машинство и сродни занимања, преку четиригодишната програма „машинска струка“.
Од 2017 г., Министерството за труд и социјална политика стандардизираше повеќе занимања од областа на машинска струка, кои можат подетално да се видат на следниве линкови:
- Оператор на технологијата на производство и одржување на процесни машини , постројки и машинска механизација
http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/Mash/optehprzvodrprmas.pdf
- Оператор на технологијата на обработка на метали со деформација и режење
http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/Mash/optehobrmet.pdf
Јавни средни училишта кои нудат 4-годишни програми за Техничари за машинство и сродни занимања се:
- Средно општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
- Средно стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ – Велес
- Средно општинско училиште „Ванчо Прќе“ – Виница
- Средно општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
- Средно општинско техничко училиште „Гостивар“ – Гостивар
- Средно општинско училиште „Киро Спанџов“ – БРКО“ – Кавадарци
- Општинско средно училиште „Дрита“ – Кичево
- Средно општинско училиште „Мирко Милески“ – Кичево
- Средно општинско училиште „Гошо Викентиев“ – Кочани
- Средно општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
- Средно општинско техничко училиште „Наце Буѓони“ – Куманово
- Општински електро-машински училиштен центар „Св. Наум Охридски“ – Охрид
- Средно општинско училиште „Ристе Ристеки – Ричко“ – Прилеп
- Средно општинско училиште „Наум Наумовски – Борче“ – Пробиштип
- Средно општинско училиште „Кочо Рацин“ – Свети Николе
- Средно училиште на Град Скопје „8- ми Септември“ – Скопје
- Средно училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“ – Скопје
- Автосообраќен училишен центар „Боро Петрушевски“ на Град Скопје
- Средно општинско училиште „Никола Карев“ – Струмица
- Средно општинско стручно училиште „Моша Пијаде“ – Тетово
- Средно општинско училиште „Коле Нехтенин“ – Штип
Во Центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ – Скопје во прва година во четиригодишното стручно образование со времетраење од пет години според адаптирани наставни планови и програми можат да се запишат ученици со посебни образовни потреби (оштетен слух), за машински техничар
Обука
Во моментов не постојат верифицирани програми за техничари за машинство и сродни занимања.
За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за техничарите за електротехника кои може да се јават подоцна, посетете ја страницата на Центарот за образование на возрасни:
http://cov.gov.mk/advanced-search/
За повици за активни мерки на пазарот на трудот:
Важни квалитети
Забележување на детали: Техничарите за машинство и сродни занимања мора да прават прецизни и точни мерења кои се потребни при конструкциите на склопови за машини, машински постројки, машинска опрема, пловна и бродска опрема.
Спретност: Техничарите за машинство и сродни занимања користат користат рачен алат и опрема за што се бара стабилност и прецизност.
Математички компетенции и основни компетенции во областа на науката и технологијата: Техничарите за машинство и сродни занимања мора користат и работат со технолошки алатки како и податоци за извршување на задачите и собирање на податоци потребни за самоунапредување (на знаењето и вештините). Ги препознава основните карактеристики на истражување во областа на струката и ги споделува заклучоците и размислувањата кои довеле до таквите заклучоци.
Дигитални компетенции: Техничарите за машинство и сродни занимања мора користат основна ИК технологија со цел да ја обезбеди најдобрата можна заштита. Пребарува, собира и обработува дигитални информации и ги користи на критички и систематски начин. Користи алатки за подготовка, презентирање и разбирање на комплексни информации во изведувањето на дејноста
Машински вештини. Техничарите за машинство и сродни занимања мора ги применуваат знаењата и насоките добиени од инженерите за да изработат нови делови за индустриски машини или опрема. Тие мора да поседуваат вештини за работење со дупчалки, брусалици и метален струг.
Вештини за работа во тим: Техничари за машинство и сродни занимања добиваат инструкции за работа и нудат совет кога е потребно. Исто така, вештините за меѓучовечки односи се корисни при координацијата со останатите членови од тимот.
