Занимања за згрижување на деца

Занимања за згрижување на деца

Како да станете работник за згрижување на деца

Образование

Работниците за згрижување на деца треба да се стекнат со средно образование од струките на гимназија, средно музичко училиште, средно ликовно училиште, средно фискултурно училиште и важечка Лиценца за неговател, која се добива според Законот за заштита на децата Член 135 и Член 136.

Повеке информации на линкот:

http://www.mtsp.gov.mk/komisija-za-licenciranje.nspx

Важни квалитети

Комуникациски вештини: На работниците за грижа за деца им се неопходни комуникациските вештини за задржување на внимание при едукацијата со децата и при разговорите и упатствата на родителите.

Вештини за донесување одлуки: Потребна е добра проценка на ситуациите на работниците за згрижување деца за соодветно да реагираат во итни случаи или тешки ситуации.

Трпеливост: Работниците за грижа на деца треба да бидат способни мирно да реагираат во специфични и тешки ситуации.

Интерперсонални вештини: Работниците за грижа на деца треба да работат добро со луѓе со цел да развијат добри односи со родителите, децата и колегите.

Физичка издржливост: Работата со деца може да биде физички тешка, затоа работниците за грижа на деца треба да имаат добра физичка кондииција.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Работниците за згрижување на деца се грижат за деца и ги надгледуваат нивните дневни активности во посебни установи или во домашни услови.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Лиценца за неговател

Просечна месечна нето заработувачка

17.663 МКД

Слободни работни местa

19