Занимања за згрижување на деца
Активности
Работниците за згрижување на деца се грижат за деца и ги надгледуваат нивните дневни активности во посебни установи или во домашни услови.
Задачите вклучуваат:
- помагање при перење, капење, облекување и нивно хранење;
- водење на децата во и од училиште или на рекреативни активности;
- играње со децата или забавување на децата со читање или раскажување на приказни;
- давање на помош при едукација на децата;
- водење на грижа за социјалниот, културниот, емотивниот и интелектуалниот развој на децата;
- одржување на дисциплината на децата до дозволено ниво;
- одржување на ред во собите за спиење и играње;
- чување на децата на подолго или пократко време;
- грижење за децата за време на училишни екскурзии, посети на музеи, летување и други излети;
- водење на евиденција за децата за нивните активности, оброци и земање на лекови;
- вршење на сродни задачи;
- надзор на други работници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
5311.01 Негувателка на деца (домашна)
5311.02 Пазителка на деца
5311.03 Дадилка
5311.04 Професионален згрижувач на деца во домашни услови
5311.05 Негувател на деца во градинка
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)