Стручњаци за маркетинг и реклама
Како да станете стручњаци за маркетинг и реклама
Образование
Вообичаено се бара стручњаците за маркетинг и реклама да имаат завршено високо образование на некој од економските факултети – насока маркетинг во Република Северна Македонија или странство. Покрај универзитетско образование, повеќето претпријатија претпочитаат практично искуство со реклами, промоции кои се работи.
Листа на државни и приватни универзитети кои имаат акредитирани студиски програми во областа, може да се најдат тука:
http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii
Обука и сертификати
Важни квалитети
Аналитички вештини. Стручњаците за маркетинг и реклама мора да бидат способни да ги анализираат трендовите на индустријата за да ги одредат најпреспективните стратегии за нивната организација.
Комуникациски вештини. Стручњаците мора да бидат способни ефикасно да комуницираат со тим од поширок состав составен од менаџери, вработени, клиенти или надворешни соработници. Исто така мора да бидат способни да комуницираат убедливо со јавноста.
Креативност. Стручњаците за маркетинг и реклама мора да бидат способни да генерираат нови и имагинативни идеи.
Вештини за донесување одлуки. Стручњаците за маркетинг и реклама често мора да избираат помеѓу конкурентните реклами и маркетинг стратегии. Тие ја проценуваат побарувачката за производите и услугите што ги нуди организацијата и нејзините конкуренти, ги идентификуваат потенцијалните пазари за производите на својата организација.
Интерперсонални вештини. Менаџерите мора да се справат со голем број луѓе во различни улоги, внатре и надвор од организацијата.
Организациски вештини. Стручњаците за маркетинг и реклама мораат ефикасно да управуваат со своето време и ограничениот буџет.