Стручњаци за маркетинг и реклама
Активности
Стручњаците за маркетинг и реклама планираат, развиваат, координираат и имплементираат рекламни стратегии и кампањи, утврдуваат на пазарот нови производи и услуги и ги идентификуваат можностите за развој на пазарот и унапредување на продажбата на производи и услуги.
Задачите вклучуваат:
• планирање, развој и организирање на рекламни политики и кампањи за поддршка на организациските цели и продажбата;
• советување на менаџери и клиенти како да се пробијат до целните пазари создавајќи свест кај потрошувачите со ефикасно подобрување на производите и услугите;
• пишување и дизајнирање на документација што се испраќа до медиумите;
• анализа на податоци и параметри за потрошувачите;
• предвидување на сегашните и идните трендови на потрошувачката;
• истражување на карактеристиките на пазарот за побарувачката за постоечки и нови производи и услуги и собирање на други статистички податоци;
• поддршка на корпоративниот развој преку подготовка и извршување на маркетинг цели, политики, програми и стратегии;
• развој на нови производи;
• советување за сите елементи на маркетингот како производствениот микс, цените, рекламирањето, продажбата, промоцијата и дистрибутивните канали;
• соработка и комуникација со други стручњаци од економијата;
• вршење на сродни работи;
• надзор на другите соработници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
2431.01 Советник за маркетинг
2431.02 Советник за реклама
2431.03 Советник за промотивни методи
2431.04 Маркетинг агент
2431.05 Аналитичар за истражување на пазарот
2431.06 Огласувач
2431.07 Промотер
2431.08 Аналитичар на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)