Специјалисти доктори по медицина

Специјалисти доктори по медицина

Слободни работни места

Според податоците од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, просечниот број на слободни работни места кај ова занимање, на месечно ниво, за периодот јануари-декември 2021 година изнесува 54. За повеќе информации и за пристап до огласите за слободни работни места посетете ја страницата на АВРСМ на следниот линк:

http://www.av.gov.mk/

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Специјалистите доктори по медицина спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат знаења, теории и оперативни методи за работа и применуваат научни знаења од областа на медицината и ја одржуваат здравствената состојба на луѓето во заедницата. Тие, раководејќи се од медицинската етика, учат и дијагностицираат различни видови на болести, физички повреди, ментални нарушувања и лекуваат со примена на принципите и процедурите на модерната медицина, вршат специјализирани истражувања од различни категории, хируршки интервенции, надгледуваат болни лица, едуцираат и водат истражувачки активности во сопствените области на специјализација.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

60.503 МКД

Слободни работни местa

54