Специјалисти доктори по медицина
Како да станете економисти
Образование
Специјалистите доктори по медицина имаат завршено високо образование на некој од медицинските факултети во Република Северна Македонија или странство. Покрај универзитетското образование, за доктор специјалист е потребено и положен специјалистички испит со што се стекнуваат со специјалистичка лиценца за одредени области на медицината.
Листа на државни и приватни универзитети кои имаат акредитирани студиски програми во областа, може да се најдат тука:
http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii
Важни квалитети
Комуникациски вештини. Специјалистите доктори по медицина постојано комуницираат со пациентите и со членовите на семејство.
Сочувство. Специјалистите доктори по медицина треба да се грижат и да сочувствуваат со пациентите. .
Одговорност. Одговорност преку која треба на пациентите да им овозможат правилни третмани и во вистинско време со што развиваат голема доверба и сигурност на пациентите.
Емоционална стабилност. Треба да имаат способност за управување со своите емоции (синдром на согорување) или т.н. емпатичност и да се справат со човечките страдања во вонредни состојби и други стресови. .
Организациски вештини. Специјалистите доктори по медицина често работат со повеќе пациенти со различни здравствени потреби. Организациските вештини треба да бидат од суштинско значење за правилен распоред на интервенциите со цел секој пациент да добие соодветна грижа.