Специјалисти доктори по медицина
Активности
Специјалистите доктори по медицина спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат знаења, теории и оперативни методи за работа и применуваат научни знаења од областа на медицината и ја одржуваат здравствената состојба на луѓето во заедницата. Тие, раководејќи се од медицинската етика, учат и дијагностицираат различни видови на болести, физички повреди, ментални нарушувања и лекуваат со примена на принципите и процедурите на модерната медицина, вршат специјализирани истражувања од различни категории, хируршки интервенции, надгледуваат болни лица, едуцираат и водат истражувачки активности во сопствените области на специјализација.
Задачите вклучуваат:
- спроведување на испитувања и интервјуирања на пациентите за да се утврди нивната здравствена состојба;
- давање комплетна превентивна, куративна и рехабилитациска здравствена заштита;
- нарачување на специјалистички дијагностички тестови за да се утврди причината на болеста;
- откривање и отстранување на причините на заболувањата, односно спречување на болести и повреди и нивните последици;
- лекување и рехабилитација на телесно и душевно заболени лица;
- препишување на лекарства за лекување на пациентите и давање на соодветни терапии;
- советување на пациентите за здравата исхрана и начинот на живот;
- вршење на лесни и тешки хируршки интервенции од општа или специјална природа;
- учество во донесувањето и реализацијата на законите и одредбите на општествената здравствена заштита, со цел зачувување и промовирање на здравјето во локалната заедница;
- планирање и дизајнирање на активности за самозаштита на населението;
- одржување на консултации со други релевантни стручњаци од областа на медицината и преземање на сеопфатна грижа за пациентите;
- преземање на мерки за спречување на колективни болести и зарази со едукација на населението;
- управување со нормални и комплицирани породувања на трудници;
- вршење на законските обврски кај смртните случаи и вршење на обдукција за да се утврдат причините за смртта;
- одржување на консултации со други стручњаци од областа на медицината;
- изработка на научни трудови и пишување на извештаи од специјализирани области;
- вршење на сродни работи;
- надзор на останатите соработници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
2212.01 Доктор по медицина интернист
2212.02 Доктор по медицина пневмофтизиолог
2212.03 Доктор по медицина инфектолог
2212.04 Доктор по медицина невролог
2212.05 Доктор по медицина психијатар
2212.06 Доктор по медицина невропсихијатар
2212.07 Доктор по медицина психотерапевт
2212.08 Доктор по медицина дерматолог и венеролог
2212.09 Доктор по медицина дерматолог
2212.10 Доктор по медицина педијатар
2212.11 Доктор по медицина хирург – специјалист
2212.12 Доктор по медицина неврохирург
2212.13 Доктор по медицина – детска хирургија
2212.14 Доктор по медицина – максилофацијален хирург
2212.15 Доктор по медицина за пластична и реконструктивна хирургија
2212.16 Доктор по медицина уролог
2212.17 Доктор по медицина ортопед
2212.18 Доктор по медицина оториноларинголог
2212.19 Доктор по медицина офталмолог
2212.20 Доктор по медицина гинеколог и опстетичар
2212.21 Доктор по медицина анестезиолог и реаниматолог
2212.22 Доктор по медицина трансфузиолог
2212.23 Доктор по медицина радиолог
2212.24 Доктор по медицина радиотерапевт
2212.25 Доктор по медицина радиотерапевт и онколог
2212.26 Доктор по нуклеарна медицина
2212.27 Доктор по физикална медицина и рехабилитација
2212.28 Доктор по медицинска микробиологија со паразитологија
2212.29 Доктор по медицина патолошки анатом
2212.30 Доктор по медицина цитолог
2212.31 Доктор по судска медицина
2212.32 Доктор по медицина клинички фармаколог
2212.33 Доктор по медицина клинички фармаколог и токсиколог
2212.34 Доктор по медицина рендгенолог
2212.35 Доктор по социјална медицина
2212.36 Доктор по медицина епидемиолог
2212.37 Доктор по спортска медицина
2212.38 Доктор по медицина стажист
2212.39 Доктор по медицина специјализант
2212.40 Останати лекари специјалисти
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)