Специјалисти доктори по медицина

Специјалисти доктори по медицина

Изгледи за вработување  

Побарувачката за Специјалистите доктори по медицина е поврзана со зголемувањето на бројот на приватни болници или даватели за здравствени услуги во последните години кај нас и во светот. Очекувањата се дека побарувачката за овие занимања во делот на здравствената дејност ќе се зголемат во текот на наредните години како резултат на се поголемиот интерес за инвестиции во здравствени установи и болници.

Во просек на годишно ниво, за периодот 2017-2021, бројот на регистрирани вработени се движи околу 3800 вработени лица.

 

Слични занимања класифицирани на друго место:

  1. Општи доктори по медицина

 

 

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.av.gov.mk

 

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.av.gov.mk

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Специјалистите доктори по медицина спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат знаења, теории и оперативни методи за работа и применуваат научни знаења од областа на медицината и ја одржуваат здравствената состојба на луѓето во заедницата. Тие, раководејќи се од медицинската етика, учат и дијагностицираат различни видови на болести, физички повреди, ментални нарушувања и лекуваат со примена на принципите и процедурите на модерната медицина, вршат специјализирани истражувања од различни категории, хируршки интервенции, надгледуваат болни лица, едуцираат и водат истражувачки активности во сопствените области на специјализација.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

60.503 МКД

Слободни работни местa

54