Систем администратори

Систем администратори

Како да станете систем администратори

Вообичаено се бара систем администратори да имаат завршено високо образование на некој од електротехничките факултети или факултети за информатика или инженерство во Република Северна Македонија или странство. Покрај универзитетско образование, повеќето претпријатија претпочитаат практично искуство во областа во која се работи. Вообичаено факултетите им помагаат на студентите да се стекнат со практично искуство во текот на летото или со практиканство на скратено работно време во фирми, како дел од нивните студиски програми.

Листа на државни и приватни универзитети кои имаат акредитирани  студиски програми во оваа област, може да се најдат тука:
http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii.

Лиценци и обуки

Поседувањето на меѓународно признати лиценци и/или сертификати за познавање на определени програмски јазици или работа со специјализиран софтвер се претпочитува кај работодавачите.

Најголема светска професионална организација која врши воспоставување на стандарди во високата технологија, едукација и истражувања е Институтот за инжинери по електротехника и електроника (The Institute of Electrical and Electronics Engineers – IEEE).                                 .
www.ieee.org

Во делот на неформалното образование, во Македонија работат неколку ИТ центри кои нудат едукација, тестирање и сертифицирање за курсеви кои се меѓународно признати.

Некои од ИТ центрите во Македонија кои нудат меѓународно признати обуки и тестирања се:

• Семос едукација, http://semosedu.com.mk/
• Сеавус образовен и развоен центар,  http://www.sedc.mk

Важни квалитети

Аналитички вештини. Администраторите треба да ги евалуираат мрежите и системите за да бидат сигурни дека тие работат правилно и да предвидат нови барања, бидејќи се менуваат потребите на клиентите.

Комуникациски вештини. Администраторите мора да ги опишат проблемите и нивните решенија за (клиентите) не-ИТ работници.

Вештини за повеќе задачи. Администраторите честопати работат на повеќе проблеми и задачи во исто време.

Вештини за решавање проблеми Администраторите мора брзо да ги решат проблемите што се појавуваат со компјутерските мрежи.

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Систем администраторите спроведуваат истражувања, унапредуваат, развиваат концепции и оперативни методи за работа и поддршка на оптимални перформанси и безбедност на системите за информатичка технологија.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Лиценци за познавање на одредени програмски јазици или програмски пакет.

Просечна месечна нето заработувачка

35.316 МКД

Слободни работни местa

25