Систем администратори

Систем администратори

Активности

Систем администраторите спроведуваат истражувања, унапредуваат, развиваат концепции и оперативни методи за работа и поддршка на оптимални перформанси и безбедност на системите за информатичка технологија.

Задачите вклучуваат:

  • одржување и администрирање на компјутерски мрежи и компјутерски конфигурации вклучувајќи компјутерски хардвер, системски софтвер и апликациски софтвер;
  • донесување и следење на техничкиот развој на компјутерите, компјутерските  методи и програмска поддршка и нивните можности и ограничувања;
  • утврдување на барањата за компјутерски и мрежни конфигурации и вршење на  промени од различен тип;
  • дијагностицирање на хардверски и софтверски проблеми;
  • решавање на проблеми кои се јавуваат во компјутерските системи;
  • координирање на пристап и употреба на компјутерски мрежи и следење на  перформансите на компјутерските системи;
  • обликување, пишување, одржување и осовременување на системска програмска  поддршка;
  • изработка на научни трудови и извештаи; • вршење на сродни работи;
  • надзор  на другите соработници.

Оваа единица ги вклучува следните занимања:

2522.01  Инженер на систем за опрема

2522.02  Систем администратор

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Систем администраторите спроведуваат истражувања, унапредуваат, развиваат концепции и оперативни методи за работа и поддршка на оптимални перформанси и безбедност на системите за информатичка технологија.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Лиценци за познавање на одредени програмски јазици или програмски пакет.

Просечна месечна нето заработувачка

35.316 МКД

Слободни работни местa

25